Спорт

Тулуз освои голем бод на Велодром

Тулуз освои голем бод на Велодром

Најинтересниот неделен натпревар од 24. коло во француската Прва лига, дуелот на “Велодром” помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Тулуз заврши без победник, 2:2.

Тимот на Ница ја искористи предноста на домашниот терен и забележа минимална победа од 1:0 во првенствениот дуел против екипата на Лил, а пораз од 2:0 но на гостувањето во Рен, запишаа фудбалерите на Олимпик од Лион.