Тупурковски ја доби наградата “Пјер Де Кубертен”

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски е добитник наградата на Меѓународниот олимписки комитет, трофејот “Пјер Де Кубертен”.

Трофејот на Тупурковски ќе го предаде претседателот на Европските олимписки комитети, г-дин Патрик Хики кој е во работна посета на Македонскиот олимписки комитет.

Свеченоста на доделувањето на трофејот ќе се одржи утре, 2 Април 2015 година во хотелот Холидеј Ин.