четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 43

Тур оператори од Казахстан на инфо тура во Македонија

13324239_10209350711585717_900811604_o

Поврзани вести

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија повторно организираше инфо тура за тур оператори.

Станува збор за истакнати имиња од туристичката индустрија на Казахстан, како Premier Travel Astana, Sayat Travel Astana, HRG Kazakhstan Almaty, Global Air Almaty, Transavia Almaty, Otrar Travel Almaty, Travel Express Almaty, Be Star Almaty, Tem Tour Almaty, Kazakh Tourist Assosiation, Delovoy Kazakhstan newspaper, Turan TV, STV channel, THY ALA.

13334409_10209350711865724_635080827_o

Како што информираат од Агенцијата, за време на престојот тур операторите остварија вкупно 30 средби со приватниот туристички сектор наМакедонија, и ги разгледуваа потенцијалите за вклучување на Македонија во нивната туристичка понуда.

Беа изненадени од потенцијалите со кои располага Македонија, а највпечатливи за нив беа природата, езерата, спа туризмот итн.

Инфо турата беше организирана во соработка со Илија Псалтиров, амбасадор на Република Македонија во Казахстан.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе продолжи со иницијативата за  поддршка на приватниот сектор на Р.М., преку директно поврзување со странските тур оператори.

Најчитани вести