Турбофолкерка направила судар со запленетото „бентли“ на наркобосот Шариќ

Луксузниот автомобил „бентли“, кој српската полиција го одзела од членот на кланот на Шариќ, Бобан Стоиљковиќ, и го доделила на користење на Управата за сообраќајна полиција на Србија, го возела пејачката Љупка Стевиќ, објавува весникот „Курир“, повикувајќи се на сопствени анонимни извори, пренесува Нетпрес.

„Според зборовите на нашиот соговорник, токму оваа турбофолкерка била зад воланот на ’бентлито’, кога возилото било оштетено во судар во 2012 година. За потсетување, тогаш официјално беше соопштено дека доскорешниот началник на Управата за сообраќајна полиција, управувал со автомобилот, па оттаму се поставува прашањето зошто полицискиот автомобил го возел некој кој не е вработен во МВР и кој и го дал возилото на пејачката“, се наведува во текстот.

Понатака весникот објавува изјава на својот анонимен извор од полицијата.

„За многу работи во полицијата долго се молчеше, но едноставно се мора да се извади на виделина. Страшно е кога државниот имот се користи за приватни цели, поточно некој да ги користи службените возила како му се сака. Никој во полицијата на ниту еден начин не сака да влегува во ничии приватни односи или пријателства, но што е многу, многу е. Да се даде некому автомобил вреден 250.000 евра да се вози наоколу со него и при тоа да направи сообраќајка, а за тоа никој да не одговара, е тоа е навистина премногу. Се’ оди низ џебовите на граѓаните“, навел изворот на „Курир“ и дополнил дека случајот со „бентлито“, освен криминалистичката полиција, го истражува и внатрешната контрола на МВР на Србија.

Се’ преку џебот на граѓаните

Скапоценото возило, како што објави вчера српскиот весник, исчезнало од тамошното МВР. Но, новинарите на „Курир“ дознале дека сепак „бентлито“ било најдено и тоа во еден белградски сервис за возила. Го пронашла внатрешната контрола на МВР на Србија.

„Тој таму е веќе неколку месеци. Службата за внатрешна контрола испитува зошто и како возилото се нашло во тој сервис, по чиј налог и колкава сметка ќе треба МВР да плати. Како што е утврдено, на возилото му се сменети регистарските таблички, што фрла сомнеж дека дека некој се обидел да си го присвои за себе“, рекол полицискиот извор. 

МВР на Србија официјално не го коментирало случајот.

Кога новинарите ја побарала пејачката Љупка Стевиќ, за изјава за случајот таа им рекла:

„Моментно ручам, не можам сега да зборувам. Побарајте ме подоцна да поразговараме, но навистина незнам за што зборувате“.

Кога подоцна повторна ја побарале таа не се јавувала на телефон.

Инаку, „бентлито“ е само едно од возилото кои биле конфискувани од кланот на наркобосот Дарко Шариќ. Автомобилот и’ бил доделен на Дирекцијата за управување со конфискуван имот стекнат од криминал, а потоа бил проследен до полицијата. Генералот во српската полиција Драгиша Симиќ, инсистирал токму тој да го добие на користење.

kurir1a

Весникот „Курир“ дошол и до фотографија од „бентлито“, на кој се гледа како покрај возилото стои генералот Симиќ. Фотографијата била направена во Смедерево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.