Турбофолкерката Сандра Африка прва падна пред српската даночна служба

Даночната управа на Србија почнала истрага за утврдување на потеклото на имотот на атрактивната турбофолкерка Сандра Африка, која речиси и да нема пријавени приходи, но честопати во јавноста се „расфрла“ со луксузни станови, скапи автомобили, јахти…, пишува во своето денешно издание белградскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Според објавеното, даночната управа тргнала во акција на вкрстено истражување на имотот и на приходите на естрадните личности во Србија, а прва на удар ќе се најде фолк пејачката, Сандра Продановиќ во јавноста позната како Сандра Африка.

„Ова ’чешлање’ на српската естрадна сцена е составен дел од сеопфатната активност на даночниците, кои се обидуваат да ги стават во легален тек, сите нелегални приходи. Во тоа влегуваат и сите приходи, кои нашите ѕвезди ги остваруваат со своите настапи и тезги, а кои воглавно воопшто не ги пријавуват, поради што државата губи околу 87 милиони евра“, пишува весникот.