Турбулентни денови во Украина, жестоки борби, бројни жртви

Воени извори тврдат дека на истокот од државата се водат борби кои ги преминуваат досега виденото во смисла на сила и размер.

На истокот од Украина во тек е голема борба на украинските и проруските сили, „какви што досега не имало по сила и размер“, рекле украинските воени извори, пишува „Ал Џезаира“.

Претседателот на Украина Петро Порошенко во средата предложил едностран прекин на оганот на украинските сили, за да се овозможи на проруските сили на истокот на земјата да го положат оружјето или да заминат од земјата. Порошенко рекол дека тоа бил првиот чекор во рамки на мировниот план кој бил предложен со цел деескалација на конфликто, пренела АП.

Жестоки немири избиле рано ова утро во близина на градот Красен Лиман, кој е под контрола на украинските власти од почетокот на јуни, а проруските сили наводно се обиделе да го пробијат кордонот на владините трупи, пренесува Ројтерс. „Во тек е голема борба која ги надминува, во смисла на сила и размер, се што досега е видено“ рекол воениот извор.

Според овој извор, се проценува дека во судирот учествуваат до 4000 припадници на проруските сили, а на двете страни веројатно се ангажирани оклопни возила и тенкови.

„Антитерористичката операција се продолжува и борбите продолжуваат, потврдил гласноговорникот на Владата Владислав Селезњов.

zhestoki-borbi-vo-pogranichniot-region-kaj-lugansk-187975

Реонскиот воен клинички центар во Одеса, еден од најголемите градови во Украина, е полн со украински војници ранети во регионот на Луганск и Доњецк на истокот од земјата, наведува Итар Тас.

„Имаме 70 војници и офицери, половина од нив се во тешка состојба“, рекол на новинарите раководителот на клиничкиот центар.

„Доколку продолжат да довезуваат голем број на ранети, во клиничкиот центар нема да има доволно место за нив и ќе мораме да ги сместиме во цивилните болници“, додал тој.

На предлог на Порошенко, Павел Климкин е именуван за министер за надворешни работи, а истото го потврдил и Парламентот. Климкин, 47-годишен физичар, школуван во Москва, ја почнал дипломатската кариера пред повеќе од 20 години, а во 2012 година е именуван за амбасадор на Украина во Германија. Климкин е голем заговорник на европските интеграции и одигра клучна улога во разговорите за пристапните преговори и преговорите за слободна трговија со Европската Унија.

Парламентот исто така, го прифати именувањето на првиот потпретседател на владата Виталиј Јарем за генерален обвинител.

Во обраќањето во Парламентот, Порошенко рекол дека Јарем ќе биде клучна личност во борбата против корупцијата, пренесува Ројтерс.

Прифатено е именувањето на Валерија Хонтарева, за нова директорка на Централната Банка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.