Турчин баран од Интерпол уапсен во Македонија

Дваесет и шестгодишниот турски државјанин Н.Б. по кого била распишана потерница од страна на Интерпол уапсен пред неколку дена во Македонија.

Тој со својот автомобил „ауди А6“ е сопрен во близина на наплатна станица Глумово, по претходни сознанија дека возилото се користи за криумчарење златен накит и дрога. Во времето кога возилото е сопрено сопатник во истото бил Д.Б. татко на првопријавениот за кого постојат оперативни сознанија дека користи лажен идентитет и којшто поседувал фалсификувана косовска патна исправа со лажен идентитет.

При изврешен преглед во возилото пронајдени се парични средства, а под возачкото и совозачкото седиште биле пронајдени метални предмети златно жолта боја завиткани во најлон кеси, односно златен накит во количина од околу пет килограми. По ова двајцата  се уапсени.

Извршен бил претрес на две локации и тоа, во Гостивар во стан сопственост на С.Ш., а каде престојувал Н.Б., каде што не се пронајдени предмети на кривично дело и во стан во Скопје, каде престојувал Д.Б., каде што пак се пронајдени две пакувања облепени со селотејп-трака во кои имало златен накит во количина од околу еден килограм (една златна плочка со натпис 250 гр. две златни нараквици, две женски ланчиња, 60 златни привезоци, 54 златни  престени, 37 пара златни обетки, 15 златни ланци).

Пронајдените метални предмети се одземени и се доставени за понатамошно вештачење до Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава.

Инаку Д.Б. е баран по меѓународна потерница распишана од страна на Турската полиција за одлежување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело недозволена трговија со дрога и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка е потврден идентитетот на истиот и е започната постапка за екстрадиција.