Турчин има 32 деца, сака 50

Халит Текин од Турција има 32 деца и вели дека доколку господ му даде здравје би сакал да има вкупно 50 потомци.

54-годишниот Текин има вкупно четири жени, но само неговиот брак со Нихат Текин, со која се оженил во 1982 година кога таа имала само 15 години, е законски. Останатите три негови бракови се верски.

Текин има 32 деца, од кои 12 се машки.

Пет од неговите деца веќе се во брак и од нив има 18 внуци. Тој, вели дека неговите сопруги никогаш не се караат и дека живеат сложно, но во различни куќи.

Заедно со жените, децата и внуците, неговото семејство брои 60 лица.

– Не би можеле никако да живееме во иста куќа, додава тој.

Текин вели дека сите членови на неговото семејство живеат во слога, но прознава дека има финански проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.