Турчин казнет бидејќи на сопругата и рекол дека не ја сака

Маж од Турција беше казнет од страна на Судот затоа што на својата сопруга и рекол дека не ја сака.

Тој во парницата за развод и изјавил на сопругата дека повеќе не ја сака, а според турскиот апелационен суд таа реченица претставува, ни помалку ни повеќе, туку „емоционално насилство“.

Според локалните медиуми, мажот е осуден на парична казна чиј износ не е прецизиран.

Жената рекла дека многу страдала кога го слушнала поранешниот сопруг како и кажува дека веќе не ја сака, наведувајќи дека е целосно скршена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.