Турчинов потпиша два нови закони

Вршителот на должноста претседател на Украина, Александар Турчинов потпишал два нови закони, пренесе „Интерфакс“.

Едниот закон ќе ги заштити учесниците од антивладини протести во Украина, за против нив да не биде покрената кривична постапка. Другиот закон е за воведување на законски измени, кои овозможија ослободување на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.