Турчинов: Русија продолжува офанзивата во Украина

И во текот на изминатата ноќ провокациите на руските трупи против вооружените сили на Украина продолжија, истакна привремениот претседател на Украина, Александар Турчинов, пренесе „УНН“.

Тој посочи дека со помош на воени хеликоптери руската армија извршила офанзива против поделба на морската флота на Украина, која е базирана во близина на градот Феодосија.

„Се вршат и напади и најразични видови на притисок над семејствата на нашите војници“, истакнал уште Турчинов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.