Турчинов со закана до руската армија

Претседателот на украинскиот парламент и вршител на должноста претседател на Украина, Александар Турчинов, ги повикал руските армиски трупи од Црноморската флота, стационирани на Крим, да не ги напуштаат своите позиции од териториите утврдени со постоечките договори, објавува нвоинскат агенција Интерфакс, пренесува Нетпрес.

„Се обраќам до раководството на Црноморската флота на Русија со барање – сите воени сили треба да се наоѓаат во границите на териториите, утврдени со спогодби и договори. Секое движење надвор од границите на тие територии ќе биде сфатено како воена агресија“, рекол Турчинов од говорницата на парламентот.