Свет

Турчинов: Украина нема да презема воени дејствија, за да го спречи отцепувањето на Крим

Турчинов: Украина нема да презема воени дејствија, за да го спречи отцепувањето на Крим

Украина нема да презема воени дејствија, за да го спречи отцепување на Крим, изјави вршителот на должноста, претседателот Александар Турчинов во интервју за „АФП“.

„Ние не можеме да спроведеме воена операција во Крим, зашто на тој начин ќе ја изложиме на ризик источната граница и Украина ќе биде беспомошна“, изјавил Турчинов.

„Руските лидери одбиваат секаков контакт со нас, како на ниво на министри за надворешни работи, така и на високо ниво на управување“, додал тој.