Магазин

Турци протестирале пред погрешен конзулат

Турци протестирале пред погрешен конзулат

Десетици турски националисти денеска протестираа против руската воздушна кампања во Сирија, извикувајќи антируски пароли и фрлајќи јајца врз зградата на погрешен Конзулат. Демонстрантите наместо пред рускиот протестираа пред Конзулатот на Холандија.

Конзулатите на Русија и на Холандија се наоѓаат во центарот на Истанбул и се оддалечени неколку метри.

– Често лутите турски демонстранти не заменуваат со нашите соседи. Како и вечерва, фрлајќи јајца, напиша холандскиот генерален конзул Роберт Шудебом на Твитер.