Балкан

Турција: Автобус удри во камион, загинаа 13 лица

Турција: Автобус удри во камион, загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа во Турција кога автобус удри во камион кој стоел на помошна лента на автопатот, објави турската агенција Анадолија.

Несреќата се случила утрово на фреквентен автопат во областа Корум, а засега не се познати околностите под кои се случил судирот.

По судирот со камионот, автобусот се запалил, а спасувачите повеќе повредени патници пренесле во локалните болници, објави АП.