ФОТО: Го заборавиле бебето во море, па отпловило со гумата

ФОТО: Го заборавиле бебето во море, па отпловило со гумата

Турската крајбрежна стража спаси 10-месечно бебе, кое морските струи го доведоа до километар оддалеченост од грчкиот брег, бидејќи родителите го заборавиле во вода додека се сончале на плажата.

Семејството Илгин летовале во близина на градот Кучукују на југозападниот брег на Турција и додека одмарале на плажата, нивната десетмесечна ќерка ја оставиле да плови во жолта гума за пливање. Во еден момент силниот ветар ја турнал малата Мелда кон отворено море.

bebeeeee

Кога конечно виделе што се случува, родителите се обиделе да ја стигнат, но не успеале, па ја викнале крајбрежната стража, пишува Дејлимеил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.