Турција: четири весници обвинети за „терористичка пропаганда“

Судските власти во Турција почнаа истрага против четири весници обвинети за „терористичка пропаганда“. Весниците се обвинети поради објавување на фотографии од турскиот обвинител за време заложничката криза која заврши со смрт на обвинителот и на двајцата напаѓачи.

Обвинителството на Истанбул покрена процес против Хуриет, Џумхуриет, Поста и Бујун поради објавените фотографии од  обвинителот Мехмет Селим Кираз на кој еден од киднаперите му вперил пиштол во слепоочницата.

За време на заложничката криза Високиот совет за радио и телевизија во Турција забрани медиумите да пренесуваат во живо од местото на инцидентот.