Турција демантира дека постигнала договор со САД за користење на воздухопловната база

Турција нема постигнато нов договор со САД за користење на воздухопловната база Турција се договори со Вашингтон за обука на сириските бунтовници, истакнаа владините извори, без да потврдат кој и каде ќе ги обучува бунтовниците, објави МИА.
Инџирлик во борбата против групата Исламска држава (ИД) и преговорите по ова прашање продолжуваат, изјавија денеска извори од кабинетот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

– Турција се договори со Вашингтон за обука на сириските бунтовници, истакнаа владините извори, без да потврдат кој и каде ќе ги обучува бунтовниците.

Оваа изјава е дадена откако советничката на американскиот претседател за национална безбедност, Сузан Рајс претходно нагласи дека Турција се согласила да им дозволи на силите од меѓународната коалиција, предводена од САД, да ги користат нејзините бази за операции во Ирак и Сирија, како и да ги обучува умерените сириски бунтовници.