Балкан

Турција депортирала над 1.100 странски борци кои сакале да се присоединат кон џихадистите

Турција депортирала над 1.100 странски борци кои сакале да се присоединат кон џихадистите

Турција депортирала над 1.100 странски борци кои сакале да се присоединат кон џихадистите во Ирак и Сирија, изјави турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз на министерска средба во Вашингтон, посветена на борбата против тероризмот.

– Кога добиваме навремена и полезна разузнавачка информација, ние сме способни да ги запреме или да ги депортираме. Странските борци се наш заеднички непријател, рекол Јилмаз.

Средбата против тероризмот во Вашингтон се одржа во рамки на форумот на високо ниво во Белата куќа за одговор на насилствата и екстремизмот.