Турција е единствената членка на НАТО која е шпиунирана

Турција е единствената членка на НАТО, која германската служба за внатрешно разузнавање (БНД) ја шпионирала.

Програмата за разузнавање се применувала на целата земја, потврдиле  за весникот „Хуриет“ извори од германските разузнавачки служби.

Турција, како што наведува изворот е една од главните цели на нивното разузнавање.

Поради нејзината исклучителна важност, особено во областите на надворешната политика, економијата, нафтоводите и антитерористичките операции не се шпионираат само одредени области, туку целата држава.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу телефонски разговарал со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер за да го изрази незадоволството на турската Влада во врска со овие тврдења.