Турција е спремна заедно со САД да се бори против ИД во Рака

Турција, која е членка на НАТО и е дел од коалицијата, предводена од САД, во борбата против ИД, пред еден месец им помогна на бунтовниците од Слободната сириска армија да го преземат градот Џараблус од џихадистите. Анкара е само против курдската Партија на демократскиот сојуз, која е поддржана од САД, и нејзината милиција поради проблемите со Курдите, со кои се бори во сопствената земја.

– Нашиот министер за надворешни работи и воените власти го разгледуваат заедно со САД прашањето за Рака. Ние заедно со нив ги споделивме нашите услови, истакна Ердоган.

Тој нагласи дека „за Турција е важно да дејствува заедно со САД, и доколку Вашингтон не ги вмеша курдските сили во воената операција, тогаш битката за Рака може да биде заедничка“.