Турција: Едно лице загина, 26 повредени во ракетен напад во Килис

Две ракети ги погодиле куќите во диромашниот дел на градот, близу центарот, при што повредени се 16 лица.

Турските војници во близина на границата возвратиле на нападот кон Сирија.

Подоцна две ракети ја погодиле џамијата, при што загинало едно лице, а 10 се повредени.

Џамијата е на 100 метри одалеченост од канцеларијата на гувернерот во која, во тој момент се наоѓал заменикот премиер Јалчин Акдоган, кој вети дека турската Влада ќе возврати на нападите со сите можни мерки.