Турција: Ердоган му честиташе на премиерот Јилдирим за резултатите од референдумот

(© AP Photo/ Emrah Gurel)

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски во неделата вечерта му честитал на премиерот Бинали Јилдирим за позитивниот резултат од референдумот за уставните промени, пренесе телевизијата NTV повикувајќи се на извор во администрацијата на турскиот челник.

Според податоците што ги објави агенцијата Anadolu, којашто покрај Врховниот изборен совет има право да ги објавува резултатите од гласањето, по обработувањето на 99 отсто од гласачките ливчиња, за уставните реформи гласале 51,3 отсто од избирачите, додека одѕивот бил извонредно висок – 84 отсто.

Опозицијата, којашто се противи на уставните реформи коишто ги прошируваат овластувањата на шефот на државата, односно претставува преминување од парламентарен на претседателски систем, не се согласни со споменатите резултати од плебисцитот. Официјалните резултати уште не се објавени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, телефонски му се јавил и на челникот на националистичката Партија на националното движење (MHP) Девлет Бахчели, кој ги поддржа уставните реформи. Според изворите од опкружувањето на Ердоган, претседателот рекол дека исходот од плебисцитот е веќе јасен и изразил надеж дека резултатот ќе оди во полза на земјата и народот.

Уставните реформи, со коишто Турција минува од парламентарен на претседателски систем на управување претходно минаа во парламентот, иако владејачката Партија на правото и развојот (AKP) не успеа да издејствува двотретинско мнозинство, а ги потпиша нејзиниот поранешен челник Ердоган.

Со реформите ќе биде укината должноста премиер, а претседателот на државата истовремено ќе стане и шеф на извршната власт. Вкупно 18-те промени во реформи ќе му овозможат на турскиот претседател да именува и менува министри, да се кандидира уште двапати за шеф на државата и повторно да го преземе водството на партијата од којашто потекнува, што досега беше исклучени и во уставот и во статусите на партиите кои го даваа премиерот. Покрај тоа, се предвидува и зголемување на бројот на пратениците, како и реформирање на Врховниот совет на судиите и обвинителите.

Предвидено е и намалување на независноста улога на армијата во политичкиот живот на земјата, којашто во историјата доживеале неколку пучеви, а последниот неуспешен обид за воен преврат се случи на 15-ти јули минатата 2016 година, кога фракција во војската се обиде да ги собори токму Ердоган и исламско конзервативната влада на Јилдирим.