Турција: Генералот Озтурк признал дека учествувал во обидот за пуч

Поранешниот командант на турското воено воздухопловство, генерал Акин Озтурк признал пред обвинители дека имал улога во организирање на обидот за државен удар во Турција, јави Анадолија.

Озтурк беше приведен на 16 јули во воено-воздушната база Аканџи што е во близина на Анкара.
Владата во Анкара за обидот за пуч во кој загинаа најмалку 232 луѓе ги обвинува приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен кој се наоѓа во САД.
Ѓулен демантираше поврзаност со пучот.