Турција го замрзна имотот на поранешниот јеменски претседател

Турција го замрзна имотот на поранешниот јеменски претседател
Турција го замрзна имотот на поранешниот јеменски претседател

Турција го замрзна имотот на поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех, согласно одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави денеска турската Влада во Службен весник.

Целокупниот имот на Салех е замрзнат во турските банки и другите финансиски институции, вклучувајќи ги и сефовите.

Постои сомневање дека Салех, додека бил на власт, собрал богатство во износ од 60 милијарди долари, што е еднакво на годишниот Бруто домашен производ во Јемен.

Во минатогодишниот извештај на експерти на Обединетите нации, кои го надгледуваат спроведувањето на санкциите на Светската организација, се наведува дека се верува оти имотот на поранешниот претседател на Јемен опфаќа недвижен имот, готовина, акции, злато и други вредности во најмалку 20 држави во светот.

Салех, кој 33 години беше претседател на најсиромашната држава во арапскиот свет, беше принуден власта да ја напушти по арапската пролет во Јемен во 2011 година.