Турција годинава протерала над 700 осомничени џихадисти

Tурција во текот на 2015 година фатила и протерала над 700 странски осомничени џихадисти, кои се обиделе илегално да влезат во Сирија од турска територија, изјави денеска на прес конференција во турската амбасада во Париз, Џемалетин Хашими, директор на прес-службата на турскиот премиер, објави МИА.

Како што пренесуваат француските медиуми, од почетокот на конфликтот во Сирија над 1.600 осомничени џихадисти биле фатени од турските власти при обид да навлезат во Сирија, пренесува БТА.

Во 2014 година од Турција биле протерани 520 претпоставени џихадисти.

На списокот на странски борци терористи, кои им се познати на турските власти, а на кои им е забрането да влезат во Турција, ги има имињата на 16.000 лица од 108 националности – додаде Хашими.

Од почетокот на годината во земјата се приведени над 600 лица поради нивните врски со групата Исламска држава и над сто се затворени поради нивното приклучување кон ИД, додаде тој.

Турските власти во неколку градови во јужниот и централниот дел на земјата рано утринава уапсија десетина претпоставени џихадисти од ИД, информира агенцијата Анадолија.

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија
Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Исламистички групации и провладините сили постигнаа договор за 48-часовен прекин на огнот во неколку градови во северозападниот дел на Сирија и на границата со Либан, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, прекинот на огнот во градот Забадани, последен бастион на бунтовниците на границата на Сирија со Либан ќе почне во шест часот по локално време (три часот според Гринич).

Прекинот на огнот на два дена ќе има и во Фуа и Кафраја, два шиитски града во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, последните во регионот кои се во рацете на режимот.

Спогодбата за прекин на огнот на 48 часа беше постигната меѓу борците на влијателната исламистичка групација Ахрар ал Шам и локалните бунтовници од една страна и борците од Хезболах од друга. Ахрар ал Шам е сојузник на групацијата Џебхад ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда.

 

Прочитајте повеќе:

Месечно околу седум француски џихадисти гинат на боиштата во Сирија