Турција и натаму апси осомничени припадници на ИД пред прославата на Нова година

Турција во неделата уапсила уште осомничени припадници на Исламската држава (ИД) во најголемата акција против оваа џихадистичка групација во пресрет на прославата Нова година која ги буди сеќавањата на минатогодишниот терористички напад во дискотеката во Истанбул кога беа убиени 39 а ранети уште 79 луѓе.

Неколку минути по доаѓањето на 2017 година во Истанбул се случи напад на узбекистански џихадист кој го изврши нападот во името на Исламската држава, пукајќи во претежно странските гости во ноќниот клуб „Reina“. Тоа беше продолжување на големите терористички напади во Турција од 2016-та кога беа убиени стотици луѓе во судирите и акциите на Исламската држава и на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), на што се надоврза и неуспешниот обид за воен преврат од 16-ти јули.

Но по масакрот во „Reina“ немаше поголеми напади во Турција, се чини дека тамошните безбедносни сили ги преземаа сите можни чекори за да осигурат оваа новогодишна прослава да мине без инциденти.

Во неделните рации властите притвориле уште 20 осомничени припадници на Исламската држава во Истанбул, од кои 15 се странски државјани, за кои се верува дека престојувале на боиштата во Сирија и во Ирак. Уште петмина: тројца Сиријци, Ирачанец и Чечен, се уапсени во престолнината Анкара, пренесуваaт агенциите Dogan и Anadolu .

Изминатите денови властите соопштија дека уапсиле повеќе од 200 осомничени џихадисти, вклучително и оние од 75 од петокот во Истанбул и Анкара, за кои постојат сомневања дека подготвувале терористички напади на Нова година.

Според некои медиумски извештаи, турските власти ги загрижуваат борците на Исламската држава кои ја напуштиле сириска Рака, коишто беа извлечени од градот пред да го заземат борците на арапско-курдската коалиција.

Само во Истанбул за Нова година ќе бидат мобилизирани 37.000 полицајци, што е речиси двојно повеќе отколку минатата година, изјави гувернерот на метрополата Васип Сахин. На должност, исто така, ќе бидат уште околу 4.000 припадници на жандармеријата и крајбрежната стража.

Градските власти ги откажаа или забранија прославите на некои од најпопуларните места за посетителите, како што е областа околу централниот плоштад Таксим, квартовите Бешикташ и Сисли.

Агенцијата Anadolu наведува дека припадниците на полицијата ќе бидат маскирани во продавачи на новогодишната лотарија или костени, ќе бидат на должност околу Таксим. Безбедносните сили детално ги прегледуваат градските траекти, а на камионите од неделата утрото до понеделник им е забранет пристапот во градот.