сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Турција: Издадени налози за апсење на 47 новинари

policija-lisici-apsenje

Последни вести

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 47 новинари, јави Си-Ен-Ен Турк.

Апсењата се во рамки на истрагата против лица поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат, извршен од фракција во Армијата со цел да бидат соборени од власт претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот.

Новинарите работеле за весникот „Заман“, кој се поврзува со Ѓулен, а врз кој турските власти презедоа контрола во март, како дел од мерките против поддржувачите на исламскиот проповедник.

Полицијата упаднала во домот на еден од осомничените, Шахин Алпај околу шест часот днеска и по претресот на неговиот дом во центарот на Истанбул, кој траел околу два и пол часа, го привела.

По неуспешниот обид за преврат турските власти уапсија, почнаа судски процеси или отпуштија повеќе од 60 илјади војници, полицајци, судии, професори, државни службеници.

Најчитани вести