Балкан

Турција ја засилува контролата врз Интернетот

Турција ја засилува контролата врз Интернетот

Владата на Турција се стреми да ја заостри контролата врз Интернетот, додека во исто време ја зајакнува својата власт над правните институции во земја, како резултат на корупцискиот скандал, пренесуваат локалните медиуми.

Законодавните предлози на турската владејачка Партија за слобода и правда може да му обезбедат овластувања на министерот за транспорт и врски, да ги блокира веб-сајтовите што ќе ја нарушуваат приватноста, како и да ги принудат интернет провајдерите да чуваат информациите за активностите на своите клиенти во мрежата. Покрај тоа, новите мерки може да им наметнат на провајдерите да го ограничи пристапот до сајтовите.

Светските медиуми посочуваат дека во Турција веќе дејствуваат филтри за заштита на децата од штетна информации. Во текот на шест месеци Турција упатила 1.673 молби до „Гугл“ за отстранување на материјали. Оваа бројка го надминува за три пати просекот на другите земји.

Професорот по право на истанбулскиот Универзитет „Билги“, Јаман Акдениз е уверен дека новите мерки се политички мотивирани и имаат за цел да го прекинат слободниот проток на информации преку Интернет.

Новиот закон може да ја спречи појавата во мрежата на обелоденувања за корупциска активност од страна на високи чиновници и бизнисмени.