Балкан

Турција ја зголемува контролата врз интернетот

Турција ја зголемува контролата врз интернетот

Турскиот парламент ги усвои измените во законот со кои се зголемува контролата на државата врз интернетот, пренесуваат локалните.

Измените беа усвоени, откако беа извршени неколку поправки од страна на пратениците.

Парламентот го усвои законот пред неколку недели, при што беше потпишан од страна на претседателот на Републиката, Абдуллах Ѓул, кој побара пратениците да ревидираат некои членови од законот, што според него не се демократски.