сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Турција ќе ги укине визите за кипарските Грци

Турската Влада објави одлука во Службен весник, според која одобрува укинување на визите за европски државјани, веднаш откако ЕУ ги укина визите за турски државјани.

Турција ќе ги укине визите за кипарските Грци

Турција ќе ги укине визите за кипарските Грци

Последни вести

Кипарските Грци веќе нема да имаат потреба од визи за да ја посетат Турција, согласно договорот ЕУ-Турција за либерализација на визниот режим, изјави денеска турски официјален претставник, но истакна дека тоа значи признавање на Кипар од страна на Турција.

Турската Влада објави одлука во Службен весник, според која одобрува укинување на визите за европски државјани, веднаш откако ЕУ ги укина визите за турски државјани.

Мерката е меѓу 72-та критериуми на Брисел за визна либерализација. Се очекува ЕК да предложи утре укинување на визниот режим за Турција, за да обезбеди продолжување на соработката на Анкара за примена на договорот за запирање на илегалната имиграција.

Меѓу најголемите пречки во односите меѓу Турција и ЕУ е одбивањето на Анкара да ја признае Република Кипар, членка на Унијата.

Најчитани вести