сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Турција ќе гради камп за реадмисија на мигрантите

migranti

Последни вести

Турската Црвена полумесечини во округот Маниса во западна Турција ќе гради камп за сместување на мигранти, кој ќе има капацитет за прием на 5.000 лица, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Овој прв бегалски камп во Турција изграден надвор од пограничните регион со Сирија, ќе биде наменет за сместување на мигрантите кои ќе бидат вратени на турска територија согласно договорот меѓу Анкара и Брисел за реадмисија на илегалните имигранти кои ќе пристигнат на грчките острови од Турција по 20 март.

Договорт предвидува и за секој примен илегален имигрант назад, Турција да испраќа по еден сириски бегалец во земјите-членки на ЕУ. Оваа одредба од договорот стапува во сила од 4 април.

Од почетокот Војната во Сирија во Турција пристигнаа над 2,7 милиони сириски бегалци од кои околу 250.000 се сместени во 22 бегалски кампови во реоните долж турско-сириската граница.

Најчитани вести