Турција ќе отпочне копнена инвазија во Сирија!?

Турција планира да отпочне копнена инвазија на Сирија, а Саудиска Арабија најави дека ќе се приклучи кон мисијата, јавува „Дејли експрес“ повикувајќи се на изјавата на руски претставници на министерството за одбрана.

Турската инвазија засега не е потврдена од официјална анкара, но би можела да означи важна пресвртница во борбата против ИД, која во последните месеци почна да се шири од сирија во Турција.

Оваа одлука на Турција следи откако саудиска арабија најави дека ќе и се приклучи на колаицијата предводена во САД доколку постои одлука за копнена операција.

Генералот Игор Конашенков, кој е портпарол на министерството за одбрана на русија вели дека во октомври и јануари биле добиени фотографии на Турско – сириската граница на која се гледаат голем број возила што би можеле да се користат за пренесување војници, муниција и оружје.

Забележуваме се поголем број знаци во однос на подготовките на турската војска, рече тој.

Инаку било каква воена интервенција на Турција во Сирија лесно би можела да предизвика конфликт со Русија која од септември минатата година изведува воздушни напади во областа.

Русија исто така има своја воена база во северна Сирија, во провинцијата Латакија која се наоѓа на само 35 километри од границата со Турција.