среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 42

Турција: Ќе се апсат над 150 службеници во судови и затвори

Против осомничените се покренати обвиненија за „извршување дејствија во корист на целите на групата, „користење на мобилната апликација Бај лок“, (BYLock), „извршување трансакции за Банк Асија“ и др.

apsenje-turcija

Последни вести

Истанбулското Главно обвинителство денеска издаде наредби за апсења на 87 службеници од три суда во Истанбул, како и на 75 вработени во повеќе турски затвори, во рамки на истрагата против таканаречената ѓуленистичка терористичка организација (ФЕТО), информираа турските медиуми.

Издадени се наредби за апсења на службеници во истанбулските судови Чаглајан, Газиосманпаша и Бујукчекмеџе.

Акции за апсења се преземени во судови во уште 23 турски окрузи, информира телевизијата НТВ.

Обвинителството нареди да се приведат и службеници од затворите Силиври, Метрис, Бекаркој.

Против осомничените се покренати обвиненија за „извршување дејствија во корист на целите на групата, „користење на мобилната апликација Бај лок“, (BYLock), „извршување трансакции за Банк Асија“ и др.

Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули.

Најчитани вести