Турција: Ќе се вработат нови 20.000 професори по пучот

Властите во Турција планираат да вработат нови 20.000 наставници, кои ќе бидат замена за отпуштените по чистката која беше направена по неуспешнипт обид за пуч.

Турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, синоќа изјави дека новите наставници ќе ги заменат оние кои работеле во државните, како и во приватните институции, а кои се отпуштени заради наводна поврзаност со Фетула Ѓулен, муслиманскиот верски лидер кого официјална Анкара го обвинува за организатор на обидот за пуч на 15 јули, пренесоа американските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека заради наводна поврзаност со Ѓулен затворени се 15 универзитети, 934 училишта и 109 студентски и ученички домови.

Турција прогласи тримесечна вонредна состојба за повторно да ја воспостави безбедноста во земјата по обидот за пуч, што беше спречен од лојалните воени сили и граѓаните.