Турција ќе воведе ограничувања за пушењето наргиле

Турската Влада ќе воведе построги ограничувања за пушењето наргиле, изјави денеска турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу, истакнувајќи дека пушењето наргиле е толку опасно, колку и другите тутунски производи.

– Сите забрани за тутунски производи ќе важат и за наргилето. Ние ќе ги издадеме неопходните наредби за тоа, рече министерот.

Според сегашните правила трговските објекти, кои дозволуваат пушење наргиле без да ја имаат неопходната дозвола за тоа, ќе бидат казнувани со 7.612 турски лири, а казната ќе биде удвоена доколку продолжи нарушувањето.

Кафеаните, во кои се користи наргиле, треба да бидат најмалку на сто метри од училишта и интернати. Тие треба да располагаат со отворени простории за пушење наргиле. Освен тоа, наредбата забранува продажба на наргиле на лица под 18 години.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.