Турција: Над 60 цивили се убиени во руски воздушен напад во Идлиб

Над 60 цивили загинаа, а околу 200 лица се ранети во интензивните воздушни напади, за кои се тврди дека се извршени од руски ловци врз болница и џамија во сирискиот град Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се повикува меѓународната заедница да дејствува брзо во овој случај, кој преставува „злосторство на руската и сириската администрација за кое нема оправдание“.