Турција: Најголем дел од приведените воени офицери имаат потекло од Албанија

Повеќето воени офицери кои учествувале во обидот за државен удар во Турција се со потекло од Албанија, пренесуваат албанските портали. Од вкупно 29 уапсени генерали и полковници дури 25 се со потекло од Албанија, меѓу кои и поранешниот командант на воздухопловните сили на Турција, генералот Акин Озтурк и командантот на Втората армија, генералот Адем Худути, кои по потекло се од Косово, пишува МКД.МК

Меѓу главноосомничените за државниот удар е и пилотот Јусуф Курт, кој го урна рускиот авион во Сирија, а кој е по потекло од селото Букороц кај Призрен. Еден од организаторите на превратот е и генерал-потполковникот Метин Идил, кој е исто така со албанско потекло.

Албанските портали наведуваат дека Худути пред преземањето на командата над турската Втора армија командувал со единици на границите со Русија и Грција, и дека бил на чело на турските сили во Авганистан. Худути е роден во Речан, во близина на Призрен, а неговото семејство се преселило во Турција кога имал пет години, додека Озтурк е по потекло од Косовска Митровица.