четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 18

Турција не дозволува бродови на НАТО да влезат во нејзините води

nato

Последни вести

Воените бродови на НАТО, што се наоѓаат во Егејско Море за да ги гонат организираните шверцерски мрежи со мигранти меѓу Турција и Грција, се уште не се распоредени во турските територијални води бидејќи Анкара не им дава одобрение за тоа, информира АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел.

И покрај барањата поднесени од германската команда на поморската мисија на НАТО во Егејско Море, во текот на минатиот викенд „Турците одбиле бродовите на Алијансата да влезат во турските територијални води“, изјави дипломатски извор. Тоа е потврдено и од уште еден дипломат.

– Мандатот што НАТО го презеде минатата недела, откако неговите земји членки се договорија за поморската операција во Егејско Море, до некаде ги расчисти нештата, но не и проблемот за влез во турските територијални води. Уште од почетокот ние знаевме дека Турците се тешки и дека ќе бидат тешки за ова прашање, коментира дипломатскиот извор.

Турските власти побарале од германскиот командант на мисијата, вицеадмирал Георг Клајн, „да ја посети Анкара за да ја утврди зоната во која бродовите на НАТО ќе бидат дислоцирани“.

– Сега германските и турските претставници се договараат, додаде дипломатот.

Истиот извр посочи дека и покрај уверувањата на германските и грчките високо позиционирани претставници, Турција „не покажува никаков или само слаб интерес да ги прими бегалците, спасени од бродовите на Алијансата, во рамки на операцијата“.

Најчитани вести