четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Турција не му дозволи на авионот на Ципрас да слета во Родос

Турција не му дозволи на авионот во кој се наоѓал грчкиот премиер Алексис Ципрас да слета на островот Родос за повторно полнење со гориво, под изговор дека островот е во демилитаризирана зона, пишува „Грик Рипортер“.

cipras-avion-1

Последни вести

Турција не му дозволи на авионот во кој се наоѓал грчкиот премиер Алексис Ципрас да слета на островот Родос за повторно полнење со гориво, под изговор дека островот е во демилитаризирана зона, пишува „Грик Рипортер“.

Вчера беше откриено дека патувањето на грчкиот премиер во Иран што се одржа на 6-ти февруари не одело според планот. Планот за летот во кој се превезувале Ципрас и членови на грчкиот владин кабинет вклучувал и слетување на островот Родос за полнење со гориво.

Турските власти не дозволиле авионот да се приземји со објаснување дека станува збор за воен авион со грчки воени пилоти и екипаж. Откако Турција го означи островот Родос како демилитаризирана зона, турските власти предложиле дека свионот треба да направи нов план на летање и да се полни со гориво во Анкара, Александрополис или во некоја друга област. Ако грчката мисија прифатела да полни гориво, тогаш би им била дадена согласнот за летање на турското небо.

По ова авионот на Ципрас го променил планот за летање, па летал над Египет, Кипар, Јордан и Саудиска Арабија, а за дополнување со гориво слетал во Египет.

Најчитани вести