Турција нема да се справи со новиот бран бегалци од Сирија

Над 51.000 бегалци ја минале Македонија од јуни
Над 51.000 бегалци ја минале Македонија од јуни

Турција нема да се справи со новиот бран бегалци од Сирија и многу од нив најверојатно ќе се обидат да стигнат до Европа, изјави денеска турскиот министер за Европска унија Волкан Бозкар, објави МИА.

– Турција го достигна целиот капацитет за бегалци. Сега се зборува дека може да се појави нов бран на бегалци. Тоа ќе биде над турскиот капацитет и ќе ја соочи Европска унија со нови имигранти, посочи Бозкар.

Во Турција има приближно два милиони бегалци од Сирија. Околу 278.000 од нов се во 25 бегалски кампови, лоцирани во близина на границата со Сирија.