Турција: Нов пратеник ја напушти владејачката партија на Ердоган

Нов пратеник ја напушти владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на премиерот Реџеп Таип Ердоган, објави новинската агенција „ДХА“.

Пратеникот на АКП, Мохамед Четин се раздели со владејачките откако е предаден на дисциплинската комисија со барање за исклучување од партијата. На овој начин од почетокот на декември минатата година веќе осми пратеник ја напушта политичката формација на Ердоган, посочи уште новинската агенција „ДХА“.