Турција очекува посета од еден милион руски туристи во текот на годинава

Турските власти очекуваат околу еден милион руски туристи да ја посетат Турција во текот на оваа година, изјави министерот за култура и туризам на Турција Наби Авчи.

– Се надеваме дека оваа година ќе пристигнат еден милион туристи од Русија. Од следната година се надеваме дека ќе ги достигнеме минатогодишните бројки, истакна Авчи за НТВ.

Откако се влошија односите меѓу Турција и Русија, по соборувањето на рускиот авион од страна на турските воени сили, рускиот претседател Владимир Путин даде указ со кој на Русите им се забрани престој во Турција.