Турција од неуспешниот пуч преземала 879 компании вредни 40,3 милијарди лири

Турските власти преземале или поставиле управители во вкупно 879 компании чијшто вкупен имот е вреден 40,3 милијарди турски лири, или 11,32 милиони американски долари, за осумте месеци од 15 јули 2916 година беше изведен неуспешниот обид за воен преврат, објави во средата државниот фонд кој управува со овие компании.

Според тримесечниот извештај на споменатиот турски осигурителен фонд, речиси 45.000 луѓе работат во преземените компании.

Исто така, се наведува дека во истиот период се затворени 147 медиумски и издавачки организации во Турција.

Турските власти ја преземаа контролата над една банка, неколку медиумски компании и други претпријатија и установи како дел од политиката на кршење на оние институции почнувајќи од образовните, за кои се смета дека се дел од мрежата на исламистичкиот клерик Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во добрволен егзил во САД. Анкара го обвинува дека се обидува да направи „држава во држава“ и оти стои зад неуспешниот пуч

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.