Турција: Односите со САД ќе се влошат ако не го предадат Ѓулен

ѓулен

Боздаг говореше пред новинарите еден ден откако се сретна со американскиот министер за правда Лорета Линч.

Тој изјави дека Ѓулен, кој живее во Пенсилванија е терорист.

– Она што претставува Осама бин Ладен за САД и за американскиот народ е истото што претставува Фетулах Ѓулен за Турција и за турскиот народ, рече Боздаг.

САД не брзаат со екстрадицијата на Ѓулен и потенцираат дека Турција прво треба да претстави доволно докази за неговото учество во обидот за преврат, во кој загинаа над 270 лица. Ѓулен демантира дека е поврзан со пучот.

Боздаг нагласи дека новите докази кои Турција ги претставила за Ѓулен вклучуваат признанија на обвинети заговорници во Турција, кои велат дека дејствувале на негова наредба.

Турскиот министер додаде дека Ѓулен добивал тајни записи на разговори на висок турски претставник, кои му биле доставени од еден од неговите следбеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.