Турција: Околу 38.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени под посебен надзор

Околу 38 000 затвореници во Турција ќе бидат ослободени под посебен надзор согласно владиниот декрет, издаден денеска, напиша на Твитер министерот за правда Бекир Боздаг, пренесува МИА.

Реформата уследи откако и онака преполните затвори, требаа да примат уште штитеници по приведувањето на десетици илјади лица во врска со обидот за државен удар минатиот месец.

Со реформата голем број затвореници условно ќе бидат предвремено ослободени.