Турција: Опозицијата го критикува составот на новата Влада, особено министерот за внатрешни работи

Водачот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу, веднаш го критикуваше составот на новата Влада, а особено изборот на новиот министер за внатрешни работи, соопшти телевизискиот канал „НТВ“.

Општата оценка на лидерот на турската опозиција е дека премиерот Реџеп Таип Ердоган се стреми да „состави кабинет што воопшто нема да му противречи и само ќе ги исполнува неговите неговите лични намери“.

Особено внимание сепак Киличдароглу посветува на новиот министер за внатрешни работи, досегашниот главен секретар на Министерскиот совет Ефкан Ала.

Според лидерот на ЦХП токму тој е лицето на „длабоката држава“, (целовкупен концепт во Турција, олицетворениe на симбиозата на тајните служби со мафијата и политичката елита), внатре во владејачката Партија на правдата и развојот, посочи уште телевизискиот канал „НТВ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.