Турција: По вчерашните апсења на синови на министри, отпуштени се полициските началници

Шефовите на турската полиција, кои раководеле со вчерашните апсења на синовите на тројца турски министри, биле отпуштени од своите работни места во Истанбул, соопштуваат турските медиуми.

Петмина шефови на полицијата се отпуштени, откако вчера најмалку 52 лица беа уапсени вклучувајќи ги и синовите на турски министри.

Апсењата ги шокираа турските политичари, кои истите ги сметаат како напад против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Турската полиција ги уапси синовите на тројца турски министри како дел од истрагата за корупција при јавните тендери, пренесе „Би-Би-Си“.

Беа приведени синовите на министерот за внатрешни работи, министерот за економија и министерот за животна средина.