Турција побара од САД да го уапси Ѓулен

Турција упати и формално барање до САД за апсење на имамот Фетулах Ѓулен поради обвинение дека го организирал неуспешниот пуч во Турција во јули, објави турската телевизија „НТВ“.

Турција го обвинува движењето на Ѓулен дека стои зад обидот за пуч на 15 јули, додека тој го отфрла обвинението.

Претседателите на САД и Турција, Барак Обама и Реџеп Таип Ердоган, за ова прашање разговараа на самитот Г-20 во Кина, кој беше одржан минатата недела.

Висок претставник на американската администрација тогаш изјави дека Обама му пренел на Ердоган дека САД за тоа ќе донесе правна, а не политичка одлука, потсетува Танјуг.