Турција: Приведени 16 лица во операцијата против „паралелната држава“

Турција: Приведени 16 лица во операцијата против „паралелната држава“
Турција: Приведени 16 лица во операцијата против „паралелната држава“

Шестнаесет лица се приведени во операција против „терористичката групација на Ѓулен и паралелната држава“, спроведена во осум турски окрузи, јави Анадолија.

Главниот дел од операцијата е спроведен во Муш, во источна Турција, но паралелни полициски акии се спроведени и во окрузите Истанбул, Агра, Анкара, Измир, Ајден, Балкесир и Елјазаг.

Десетина од лицата се приведени во Муш, а по едно лице се уште се трага.

Ова е уште една во серијата операција во Турција против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Вкупно 439 лица, меѓу кои 205 полицаји и 34 војници се уапсени во периодот 2014-2015 година во рамки на операцијата на целата територија на Турција против „паралелната држава“.